Свет
25. December 2020 - 14:18

Авион со 100 патници излета од пистата во Москва

Патнички авион „Боинг 747“ од Јакутск ја промаши пистата на аеродромот „Внуково“, изјави претставникот на Службата за итни случаи.

– Авионот на релација Нерјунгри-Москва, кога слета на аеродромот Внуково, ја промаши пистата за 30 метри, изјавиле од московскиот аеродром.

Во авионот имало 109 патници и седум члена на екипажот, но никој не е повреден.

Според прелиминарните податоци, авионот не бил оштетен. Според еден од изворите од аеродромот, патниците го напуштиле авионот на вообичаен начин и аеродромот не бил затворен поради овој инцидент, пренесе „Спутник“.