Македонија
13. July 2022 - 16:49

Автобус полн со ученици се запалил кај Стража

Вчера околу 19.20 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на патниот правец Стража-Кичево настанал пожар во автобус во движење, сопственост на туристичка агенција од Куманово, во кој се превезувале ученици и наставници, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Пожарот е изгаснат од противпожарна единица, а повредени лица нема“, наведено е во полицискиот билтен.