Македонија
25. February 2019 - 23:09

Автобус се преврте кај Струмица

Автобус вечерва се преврте на локалниот пат Василево - Пиперево. Според првичните и неофицијални информации се работи за автобус кој превезува ученци, но во моментот на несреќата тој бил празен и во него се наоѓал  само возачот.  Ведаш по несреќата со возило на итната медицинска помош тој  е пренесен во струмичката болница  и е задржан на лекување и набљудување. Според првичните информации некои посериозни повреди не се констатирани.

 Неофицијално автобусот бил упатен кон училиштето во Василево  од каде требало да ги земе учениците од попладневната смена и да ги превезе до населените места во кои живеат.

Потврда за настанот  дадоа и од СВР Струмица од каде само информираа дека автобусот излетал од коловозот и се превртел. Засега нема информации кои биле причините кои довеле до несреќата , повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот . На местото на несреќата поради истекување на нафта од автобусот  со едно возило и тројца пожарникари интервенираше и противпожарната единица од Струмица.