Свет
11. September 2018 - 15:32

Автобус со верници излета од пат: 55 мртви, меѓу кои и три деца во страотна несреќа во Индија

Бројот на загинатите во сообраќајната несреќа која се случи денеска во јужна Индија, кога преполнет автобус падна во клисура, порасна на 55, додека повеќе луѓе се повредени и станува збор за една од најголемите вакви несреќи годинава.

Меѓу загинатите има и три деца, а останатите се главно жени.

Автобусот кој припаѓа на државната транспортна мрежа во државата Теленгани, се враќал од храм кој се наоѓа на врвот на рид, во областа Џагтал, околу 190 километри  од Хидерабад, главниот град на таа индиска држава, соопшти локалниот лидер, пренесува Ројтерс.

„Возачот ја изгубил контролата и автобусот се лизнал од патот и паднал во провалија. Повеќето патници се здобиле со тешки повреди, рече за британската агенција официјален претставник од таа област.

Медиумите наведоа дека расипаните кочници се можна причина за оваа трагедија, но ќе биде спороведена истрага во врска со тоа, додавајќи дека во автомобилот се наоѓале 94 лица, вклучувајќи возач и кондуктер, што е значително повеќе од законски дозволената граница од 52 лица.

„Автобуската несреќа е шокантна, немам зборови“, наведе премиерот Наренда Моди на Твитер, изразувајќи длабоко жалење поради загубата на животи.

Индија има најпогубни патишта во светот, со речиси 150.000 луѓе загинати луѓе во сообраќајните несреќи во 2016 година, додека владините податоци покажуваат дека таа бројка е за 3,2 отсто повеќе во споредба со претходната година.

Снимката е со вознемирувачка содржина: