Македонија
31. March 2018 - 10:59

Автобус удри во автомоби кај Велес - има мртви

Трагедија на македонските патишта, автобус се судри со автомобил. Според информациите на МВР,  вчера  околу 14 часот на магистралниот пат Велес - Штип кај клучката за с.Црнилиште, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „Темса опалин“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Љ.Ц. (64) од Велес и патничко моторно возило „Шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на друштво за транспортни услуги од Скопје, а управувано од И.А. (29) од Скопје.

Во незгодата на лице место починал возачот И.А.. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица-Свети Николе. Сообраќајот на патниот правец Велес - Штип бил во прекин до 16.30 часот, а потоа се одвивал наизменично до 18.50 часот, по што е целосно нормализиран.