Loading Video...
Кошарка
26. September 2021 - 14:33

Бадел и МЗТ Скопје го освоија кошаркарскиот Супер куп

Како увертира за новата сезона во македонскиот кошаркарски шампионат, се одиграа натпреварите од Супер куп во двете конкуренции

По пет годишна пауза повторно натпревари во кошаркаркиот Супер куп на Македонија. 

За прв пат во женска конкуренција се одржа ова натпревариување во кое кошаркарките на Бадел 1862 од Скопје беа убедливо подобри од Баскет Кам со што му се реваншираат на тимот на Македонска Каменица за поразите во финалињата во купот и првенството, а воедно најавија дека ќе бидат главни конкурентки за трофеите во новата сезона. 

Кај мажите. Нов троумф на МЗТ Скопје кој до четвртиот свој трофеј во ова натпреваривање стигна со минималната победа со еден поен разлика, над вечниот ривал Работнички. 

Супер куп натпреварите практично беа и најава за новата сезона во мак-баскетот која ќе стартува следниот викенд.