Македонија
5. January 2020 - 13:57

Бадникова литија утре во Тетово

Бадниковата литија и пеењето на песната „Вечниот Бог“ ќе почне утре во 10:30 часот од Соборниот митрополитски храм „Свети Кирил и Методиј” во Тетово.

Учесниците кои ќе ја изведуваат песната „Вечниот Бог“ ќе тргнат од црквата „Свети Кирил и Методиј“, а литијата ќе продолжи да се движи по градските улици.

– Ги повикуваме родителите што повеќе деца да донесат за достојно да ја одбележиме Бадниковата прослава, порачаа всвештениците од тетовската епархија.

Ова е трет пат да се организира Бадниковата литија во Тетово и веќе прераснува во традиција. Бадникарски литии се организираат и при црквите во Брвеница и Теарце.

Во Тетово бадникова литија прв пат се одржа во 2017 година.

Во рамки на празнувањето на Бадник утре од 16 часот и 30 минути во Соборен митрополитски храм „Свети свети Кирил и Методиј ќе се одржи традиционалниот Божиќен концерт на хорот Менада.