Loading Video...
Фудбал
21. December 2017 - 15:39

Баерн го елиминира бранителот на трофејот во германскиот куп Борусија Д.

Шампионот Баерн Минхен го елиминира тимот на Борусија Дортмунд во осминафиналето, па напролет трофејот наменет за победникот во Купот на Германија ќе има нов сопственик. 

На „Алијанц Арена“ Баерн славеше победа со 2-1 со головите во првото полувреме на Боатенг и Милер, додека голот за „милионерите“ го постигна Јармоленко во 77.минута. 

Покрај Баерн место во четвртфиналето изборија и: Вердер, Баер Леверкузен и Ајнтрахт. 

Ден порано тоа го сторија и екипите на: Волфсбург, Шалке, Мајнц и Падерборн.