Бајден ги помилува мисирките Чоколадо и Чип во пресрет на Денот на благодарноста
„Чоколадо“ и „Чип“ се имињата на двете мисирки од Северна Каролина кои претседателот на САД Џо Бајден денеска ги помилува во пресрет на еден од главните американски празници, Денот на благодарноста, кога деликатес на празничната трпеза е мисирка печена со путер.
Традицијата со мисирките потекнува од 1947 година, кога Националната федерација на мисирки започна да ја донира живината на претседателите пред Денот на благодарноста. Се верува дека Џон Кенеди е првиот претседател кој поштедил живот на мисирка, додека Џорџ Буш е првиот претседател кој ја формализирал традицијата со помилувањето.
-И сега, врз основа на нивниот темперамент и заложба да бидат продуктивни членови на општеството, со ова ги помилувам Чоколадо и Чип, рече Бајден. Инаку чоколаден сладолед со чоколадни зрнца е омилен десерт на претседателот.
Во краткиот говор по повод забавната традиција, тој изјави дека единствен црвен бран годинава би било ако неговот германски овчар, големото куче Командер, го истури сосот од боровинки за време на празникот, алудирајќи дека на среднорочните избори не се случи очекуваната убедлива победа на републиканците.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација