-->
-->
Бајден: Напад врз Украина би била најголема инвазија од Втората светска војна
-->
Евентуалната руска инвазија врз Украина би можела да биде „најголемата инвазија“ од Втората светска војна, со оглед на масовното воено присуство на Русија во близина на украинската граница, изјави американскиот претседател Џо Бајден, јави ДПА.
– Таков настан може да го промени светот, изјави на прес-конференција американскиот претседател. Тој предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин „продолжува да распоредува војници долж украинската граница од Белорусија“.
На прашањето дали ќе размисли за преземање на необичниот чекор за воведување санкции директно на Путин доколку Русија ја нападне Украина, Бајден одговори потврдно. Тој истакна дека американските трупи во Украина нема да бидат распоредени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење