Свет
26. March 2022 - 18:09

Бајден по средбата со украински бегалци: Децата ми рекоа да се молам за нивните татковци

Американскиот претседател Џо Бајден одговараше на новинарски прашања на стадионот Народови во Варшава, каде што се сретна со украинските бегалци.

Тој се присети дека бил на неколку такви места во својот живот, додавајќи дека „секогаш е изненаден од длабочината и силата на човечкиот дух“.

– Тоа е неверојатно. Видете ги овие деца. Тие само сакаат да ве гушнат и да кажат „фала“. Тоа ве прави толку горд, истакна тој.

– Секое од тие мали деца рече нешто во смисла „молете се за мојот татко кој се бори“. Се сеќавам како е кога имаш некој близок во воена зона. Се будите секое утро и се прашувате како се. И се молите да не го добиете оној телефонски повик, рече Бајден.