Loading Video...
Балкан
31. December 2020 - 16:35

Балканот се обедини за Хрватска, македонски граѓани заминаа на помош

Оваа Нова година Александар нема да ја помине со своето семејство. Земјотресот во Хрватска беше како ѕвончето кое поранешниот штипски пожарникар со години го слушал во штипската противпожарна бригада кога на некој му требало помош. Немал многу време за подготовки.  

Само што стигнал во Хрватска веднаш ги добил и првите задачи.

Сликите на терен биле страшни. Александар раскажува дека на одредени места, речи си и да не останала куќа.

Што е тоа што треба еден човек да го натера во пресрет на празниците да го остави семејството и сам да замине да помага во странство. Александар вели, Македонија не заборава.

Хрватска се уште се тресе. По силниот земјотрес со магнитуда од 6,4 степени следеа и серија послаби. Последниот утрово пред 5 часот бил со магнитуда од 3,7 степени. Новогодишната ноќ многу Хрвати оваа година ќе ја поминат под ведро небо или во прифатилиштата со желба, новите 365 дена од 2021 да донесат многу поубави моменти, бидејќи она што се случи во 2020 е вредно само за да се заборави.