Македонија
5. October 2022 - 16:37

Балканските мајстори на кулинарството ги открија тајните на средношколците од Крушево

Врвните мајстори на кујната од поранешните ЈУ простори, Карапанџа, Митровиќ, Лукин, Возељ, Легат, Костиќ и Бренец ја посетија угостителско-туристичката струка при СОУ „Наум Наумовски - Борче“ во Крушево каде одржаа серија предавања. Организацијата на настано е на Националната асоцијација на готвачи Гастромак. Според кулинарските легенди оваа професија во моментов била доста атрактивна, ценета и платена, но државите од бившите ЈУ простори не посветувале доволно внимание на тоа. Не се вложувало доволно во ваквите училишта.

„Вие очекувате од готвачот нешто да направи, но не му давате никакви услови. Училиштата немаат кабинети, немаат добра опрема и тука лежи целиот проблем, не може ниту туризмот да го развиваме. Не може во овој прекрасен крај каде се произведуваат фантастични вина, за кого да го произведувате, песно е да се извезуваат за некоја смешна цена, но треба да се продадат во добар ресторан за многу повисока цена, а тоа се прави со помош на добра кујна“, вели Стево Карапанџа, готвач.

„Ако ние не вложуваме во современа опрема во угостителските училишта, ние не можеме ниту да го развиваме туризмот, а туризам без гостопримство и добра кујна тој ќе стои“, вели Ѓорѓе Костиќ, почесен претседател на шефовите на готвачите од Србија.

Овој кадар во моментов се барал насекаде во светот, а за да се задржел младиот кадар од оваа струка во една држава е тие да бидат добро платени, за не заминуваат во странство.

„На Запад кога ќе добиете еден договор за работа виие добивате 10% од дневниот промет кој што ќе го направите како шеф на кујната. Тоа е плата и на келенерот и негов промет. Значи тие се тие паралели на Запад и ние се држиме по нив и во Хрватска“, кажа Драгица Лукин, слаткарка од Хрватска.

„Денеска ако сакате направите хотел вие земате кредит, ќе го направите хотелот, но ќе немате персонал“, истакна Изток Легат, готвач од Хрватска.

Учениците се задоволни од тоа што можеа да ги слушнат искуствата на врвните мајстори.

Но за жал кај нас во СОУ „Наум Наумовски - Борче“ има само 52 ученици во сите 4 години. Од училиштето се надеваат дека ваквите настании и манифестации ќе придонесат за популаризација на професијата и таа стане поатрактивна кај младите.