Балтов: До крајот на јуни е можно во Бугарија да има два милиона ревакцинирани граѓани
Директорот на софиската болница за итна помош „Пирогов“, проф.д-р Асен Балтов, изјави дека од јуни ќе може да се живее малку помирно, бидејќи дотогаш два милиона бугарски граѓани ќе можат да бидат ревакцинирани. Балтов за НОВА ТВ изјави дека вакцинација им е потребна на околу четири милиони бугарски граѓани, а доколку успеат да се вакцинираат 50 отсто, тоа ќе бидат два милиона. Доколку кон нив се додаат заздравените од Ковид-19 и децата, ќе се создаде колективен имунитет и ќе се живее малку помирно, јави дописникот на МИА од Софија.
-Правиме се што е можно тоа да се случи, рече Балтов.
Поради доцнењето во снабдувањето со вакцини од „АстраЗенека“, зелените коридори за вакцинација на населението во Бугарија беа привремено прекинати во Софија. Според пресметките на Балтов, во март во Бугарија ќе пристигнат 500.000 вакцини со доцнење на производителите, а еден милион ќе пристигнат во април.
-Во моментов приоритет имаат членовите на комисиите кои ќе ги спроведат парламентарните избори во Бугарија, закажани за 4 април, коментира професорот Балтов.
Според познатиот бугарски лекар, воведувањето на „зелен пасош“ за вакцинираните е добра опција.
Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, синоќа беше меѓу премиерите на земјите од ЕУ кои го поддржаа воведувањето пасоши за вакцинација за време на онлајн состанокот на Европскиот совет. Премиерот беше категоричен дека мора да се почитуваат договорите на производителите на вакцини со земјите од ЕУ:
-Производителите на вакцини мора строго да се придржуваат до договорите за набавка. Ние сме едногласни со нашите колеги во Европскиот совет дека мора да бидеме што е можно поцврсти и од компаниите навреме да ги бараме договорените количества, изјави Борисов на крајот на првиот ден од видео конференцијата на членките на Европскиот совет.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка