Бизнис
22. July 2016 - 19:39

Банките да го насочат капиталот во стопанството, порача комитетот за финансиска стабилност

Банките да го зголемат  кредитирањето. Доволно се стабилни и  ликвидни , со ребалансот обезбедени се средстава за капитални проекти, еврообврзницата е успешно издадена.. Затоа можат да пуштат повеќе пари за стоапнството. ,  им порача  минисерот за финансии Миноски. Податоците на Народната банка говорат дека  кредитното портфолио во јуни е намалено за 1,5% или за речиси  85 милиони евра.

-Нашата интенција е дефицитот да се покрие што е можно повеќе со извори на средства од меѓународниот финансиски капитал. Целта е да се остават повеќе средства кај банките во домашната економија, кои би ги искористиле за кредитирање зашто нашата основна цел е да го развиеме приватниот сектор. Ако имаме поразвиен приватен сектор значи имаме подобра даночна основа, изјави министерот за финансии Кирил Миноски

Гувернерот Богов вели дека банките поминале низ реален стрес тест и покажале висока отпорност на шокови. . Комитетот за економска  стабилност денеска ја разгледувал и најновата регулатива на унијата , односно измени во   Законот за банки, кој најверојатно ќе наложи заострување на критериумите за одобрување кредити

Порестриктивната политика нема да доведе до зголемување на каматите, тврди Богов,  зато што  пазарот, е тој кој ги  диктира  стапките. Гуверенерот вели дека се уште е рано да се кажат прокециите за економскиот раст, но најверојатно ќе се движи помеѓу  претходните две сценарија – песимистчкото од 1,6 и оптимистичкото од 3,5 проценти.