Loading Video...
Фудбал
20. јуни 2019 - 13:44

Барди го постигна најубавиот гол во Ла Лига

Македонскиот репрезентативец Енес Барди, кој веќе две сезони настапува во најсилната шпанска фудбалска лига, како член на Леванте, доби големо признание на навивачите. 
 
Неговата специјалност изведувањето на слободните удари го препознаа вљубениците во фудбалот на Пиринеите, па Барди доби најмногу гласови во изборот за најубав гол изминатата сезона во Ла Лига. 
 
Неговиот погодок од дуелот против Гетафе одигран во Мадрид е прогласен за најубав гол од слободен удар. 
 
Со тоа Барди зад себе ги остави и големите мајстори од калиброт пред се на Лионел Меси чиј гол во градското дерби со Еспањол заврши како трето рангиран.