Loading Video...
Фудбал
29. October 2020 - 16:01

Барса го доби дербито против Јуве

Екипата на Барселона го доби дерби дуелот од 2.коло во Лигата на шампионите и тоа на гостински терен кај Јувентус кого го совлада со 2:0. 
 
Стрелци на головите за шпанскиот тим беа, Дембеле во 14-тата и Меси од пенал во последната минута од натпреварот. 
 
Иако Алваро Мората постигна два гола за Јувентус, сепак тие беа поништени поради офсајд
 
Во истата Г група, Ференцварош и Динамо Киев одиграа без победник 2:2. 
 
Англиските преставници Манчестер Јунајтед и Челзи остварија убедливи победи. Популарните „црвени ѓаволи“ неочекувано со високи 5:0 го совладаа минатосезонскиот полуфиналист РБ Лајпциг, меч на кој Рашфор за неполн половина час игра во вториот дел постигна три гола, со што стана рекордер во оваа статистичка категорија. 
 
Челзи пак на гостувањето кај Краснодар славеше со 4:0, 
 
Победи од 2:0 од фаворитите остварија и ПСЖ на гости кај Басакшехир,односно Борусија која во Дортмунд го совлада Зенит.