Фудбал
2. јуни 2020 - 9:17

Барса криела дека пола тим е заразен со Ковид-19?!

Паника во шпанскиот фудбал предизвикува денешната вест дека лидерот на табелата Барселона ја сокрил информацијата дека 5 фудбалери и две лица од тренерскиот тим биле позитивни на задолжителните тестови пред стартот на првенството на 12-ти јуни, објави шпанското радио РАЦ 1. 

Според овој медиум не е јасно зошто Каталонците не го објавиле ова јавно иако играчите не покажале симптоми и брзо се опоравиле. 
Ќе го доведе ли овој податок под притисок стартот на сезоната кој треба да го означи андалузиското дерби Севиља-Бетис.
Противниците за рестарт на шпанскиот фудбал се прашуваат што ќе се случи ако екипите во екот на сезоната почнат да кријат вакви информации и со тоа го загрозат здравјето на фудбалерите од пандемијата.