Барселона ќе претендира за титулата доколку Ла Лига не заврши

Парализата на шпанскиот фудбал покренува многу прашања за сезоната 2019/20. Не е јасно колку долго првенството ќе биде замрзнато поради заканата од коронавирус, кога и како ќе заврши и дали воопшто ќе заврши. Весникот „Спорт“ ги става на насловна страница аргументите за Барселона да ја освои титулата, доколку не се заврши првенството.
„Барса ќе претендира за титулата ако Лигата не заврши“, е насловот на изданието на Каталонците. Според весникот, постои можност шампионатот да не биде комплетиран на 11 кола пред официјалниот крај.
– При ова сценарио, Барселона ќе побара од управните тела да бидат прогласени за шампиони, тврди „Диарио Спорт“.
Изданието објавува неколку аргументи. Меѓу првите е дека се одиграле повеќе од 70 проценти од рундите – 27 од 38 во програмата. Од „Камп Ноу“, исто така, ќе посочат дека освен што се лидер во привремениот пласман, тие се и зимски шампион. На полусезона, Барселона беше лидер со 40 бода, колку што имаше и Реал Мадрид. Тогаш нивниот директен натпревар заврши 0-0 и се погледна кон гол-разликата, која беше во прилог на Каталонците во тоа време.
Нема друг таков преседан во историјата на Ла Лига. Единствениот застој на првенството беше помеѓу 1936 и 1939 година поради Шпанската граѓанска војна. Регулативата на Кралската шпанска фудбалска федерација не предвидува што би се случило во сегашните околности. Со оглед на влошената врска меѓу Кралската шпанска фудбалска федерација и Ла Лига, мора да се каже дека претседателот на федерацијата, Луис Рубиалес може да донесе одлука.
Ново на Сител
-

Над 70 отсто од докторите се соочиле со физичко или вербално насиство на работно место, случаите треба веднаш да се пријавуваат
-

Христодулидис: Кипар е безбедна земја
-

Тригодишно дете од Штип затруено со „бензодиазепами“
-

Почна реконструкцијата и адаптацијата на спортската сала во комплексот на УКИМ
-

Пентагон: САД во првите шест дена од војната со Иран потрошиле над 11 милијарди долари
-

Инспектор на ДЗС сведочи за „Пулс“: Имаше хидрант, ама празен и само два ПП-апарати, а помошната врата беше заклучена
-

Кили починал во сон од инфаркт, ќе биде погребан во Еквадор
-

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“
