Кошарка
22. јуни 2017 - 8:57

Баскет: Србија останува на светскиот трон

Баскет екипата на Србија со победа против Холандија во финалето успеа да ја  одбрани титулата  на шампионатот 3X3 освоена минатата година во Кина и по третпат е светски првак. 

Србите славеа со 21-18  и  триумфираа на баскет-мундијалот во Нант. Од 4 светски шампионати  Србија не успеа до сега да освои само еден. До титулата оваа селекција дојде со победите над Египет, Русија, Андора, Порторико, САД и домаќинот Франција.