БДП во вториот квартал со раст од 2,6 отсто
Бруто домашниот производ во вториот квартал од годинава бележи раст од 2,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Во второто тримесечје од 2015, најголем пораст е забележан во Финансиски дејности и дејности на осигурување од 13,8 отсто, Стручни, научни и технички дејности, Административни и помошни услужни дејности од 12,6 отсто, Градежништво од 6,2 отсто и Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 5,5 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата во второто тримесечје од 2015 година номинално е поголема за 2,4 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 72,3 отсто.
Во овој период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 8,3 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа раст во номинален износ од 2,7 отсто.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк