Бектеши: Граѓаните никогаш нема да плаќаат повеќе од тоа што моментално го плаќаат
Што и да се случи со производството на електрична енергија на ЕСМ и што и да се случи во енергетскиот систем граѓаните никогаш нема да плаќаат повеќе од тоа што моментално го плаќаат, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-ЕСМ доставува предлог до Владата за производната цена на електричната енергија, а Владата на затворена седница одлучува за тоа. Цената на ЕСМ кон универзалниот снабдувач ја носи Владата. Ги имам приближните пресметки во делот на тоа колку би можела да биде цената на струјата по 1 јануари и согласно нашите проекции и дискусијата што ќе ја имаме на Економскиот совет од денеска можам да кажам дека кризата нема да биде на товар на граѓаните, на домаќинствата и на малите потрошувачи, посочи Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо