Бизнис
24. November 2022 - 17:37

Бектеши се закани на производителите, од 1 декември цената мора да се намали

Слаб одзив од компаниите на повикот за поевтина струја од 1-ви декември. Пријавени се само 518 потрошувачи. Од 474 училишта, за струја од 95 евра за мегават-час не се пријавиле ниту половина. Поголем интрес, за истата цена, покажале компаните за водоснабдување. Прехранбената индустрија, пак, за струја од 80 евра по мегават, покажала најмал интерес. Од илјада компании се пријавиле само 235. Министерот за економија дециден – производите мора да поевтинат. Цените ќе паѓаат и кај корисниците на владината помош и кај оние што не ја искористиле понудата.

Можеме да донесеме закон за време на кризната состојба, со предлог од министерството за економија, замрзнување на цени, уредување на маржи и сл. Ние ги имаме листите, ДПИ ќе врши соодветно контроли. Веќе има тренд на намалување кај одредени производи. Од 1-ви декември сите компании кои можеа да ја користат оваа мерка, а се околу илјада комапнии, некои се стварни мали пекари, воглавно големи производители се околу 180, сите тие ќе мора да ги намалат цените. Ако тоа не се случи, ќе видите какви мерки ќе се носат.“ – Крешник Бектеши, министер за економија

Се уште не се знае колку струја ќе трошат новите приклучоци, иако домашното производство не работи со полн капацитет и третина од дневните потреби за домаќинствата доаѓа од увоз. Струјата од ТЕЦ Неготино би била 200 евра за мегават час со сегашните цени на мазутот, но и да сакаме, не можеме да се произведуваме во оваа термоелектрана, затоа што дефектот не е отстранет. Планот е со работа да почне на 4-ти декември, заедно со Осломеј.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ги обвинија државните електрани за сомнителни тендери за увоз на јаглен во 4 очи.

Две компании непосредно по формирањето добиле државен бзинис од 9,5 милиони евра. Едната е регистрирана дента кога ЕСМ го распишала јавниот повик, а другата фирма кога повикот бил во тек. Значи, имаме две компании тотални анонимуси. Нити им се знае седиште, нити им се знае телефон, нити фејсбук профил. Двете компании регистрирани непосредно на јавната набавка, ја добиваат, по тоа се гледаат вашите намери.“ – Силвана Ангелевска, ВМРО-ДПМНЕ

Инаку, ЕСМ за 20 дена потроши 20 милиони евра за увоз на струја. Планирани се и нови набавки за декември во вкупна вредност од над 25 милиони евра.