Бизнис
26. October 2021 - 17:06

Бектеши уверува дека цената на струјата до Нова Година нема да се менува, за подоцна никој не може да гарантира

Нема услови за прогласување на кризна состојба, барем до крајот на годинава. Ова е заклучокот од состанокот меѓу министерот Бектеши и претставниците од енергетските компании. Производството на струја е солидно иако Бектеши го потврди она на што алармираа и од Мепсо, дека земјава може да обезбеди само 50 проценти од потребната енергија, поради тоа е непопходен увоз на јаглен. Се надева дека овој пат тендерот ќе успее, а ако пропадне ќе има нов состанок на кој ќе се одлучи што понатаму. Не се исклучува можноста и за увоз на струја. Ако има рестрикции тврди домаќинствата нема да бидат засегнати. Но нема гаранција дека цената ќе остане иста и по Нова Година.

Иако владата смета дека нема простор за загриженост, лидерт на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вели состојбата е алармантна и лошо се менаџира.

На земјава и се потребни околу 500 тини мегавати за да ги покрие потребите, но произведува нешто над 200 те. За да се покријат домашните потреби во функција се стави и вториот блок од РЕК, но ќе се активира и ТЕЦ Осломеј, ХЕЦ Маврово, а најверојанто и ТЕЦ Неготино за кој веќе се преговара со фирми за увоз на мазут. Поради недоволното количество, државава периодов влече огромни количини струја од меѓународните мрежи, поради што доби 4 опомени од Европа. За ова Мепсо побара финансиски да биде поддржан. Иако владата смета дека трошоците треба да ги платаат фирмите кои направле дебаланс, Бектеши вели дека ова прашање ќе се разгледува на владина седница.

Стабилизација на цената на струјата се очекува дури следната година,  а до тогаш не чека тежок период.