Фудбал
18. јуни 2016 - 19:41

Белгија ја совлада Р.Ирска со 3-0, Шпанија во осминафинале, прекин на дуелот Хрватска – Чешка

Репрезентацијата на Белгија по стартниот пораз од Италија попладнево оствари триумф над Р.Ирска. Првиот гол во 48.минута го постигна Лукаку, а на 2-0 зголеми Вицел во 61.минута, а Лукаку во 70.минута го постигна својот втор гол, а за Белгија трет.

На синоќа одиграниоте дуели Шпанија ја постигна првата најубедлива победа со 3-0 над Турција и со две победи како Франција и Италија има максимален учинок и обезбеди осминафинале. На чекор до следната рунда беше и Хрватска, која имаше водство од 2-0 над Чешка, но на крајот беше 2-2 откако Чешка изедначи од пенал.

Црна дамка на дуелот беше прекинот кој го направија хрватските навивачи во 85.минута при резултат од 2-1 за Хрватска. Дуелот продолжи, а Чешка го искористи тој период и успеа да изедначи.