Свет
15. January 2021 - 14:04

Белгија воведува построги мерки поради Ковид-19

Белгиските власти воведуваат построги правила за патниците кои влегуваат во земјата од трети држави вклучително и од Велика Британија. Одлуката е донесена со цел да се запре ширењето на новиот вид на Ковид-19.

Сите лица кои немаат постојан престој во Белгија ќе треба да поплнат така наречен Образец за локација на патниците. Додека парниците кои ќе пристигнат од црвената зона и немаат престој во Белгија ќе треба да покажат негативен ПЦР тест.

Во Белгија пријавени се најмалку сто лица заразени со новиот вид на Ковид-19, откриен во Велика Британија. Здравствените власти препорачуваат дека најдобар одговор на сегашната состојба да се воведе забрана за патувања.