Џет-Сет
18. July 2015 - 21:09

Бен Афлек и Џенифер Гарнер носат бурми само поради децата

Холивудската двојка Бен Афлек и Џенифер Гарнер се уште ги носат бурмите иако минатиот месец објавија дека се разведуваат.

Афлек некогаш го носи, а некогаш е без венчалниот прстен.

Близок пријател на двојката тврди дека Афлек и Гарнер бурмите ги носат за да ги задоволат децата, кои тешко го прифаќаат нивниот развод.

- Децата се најсилната причина зошто уште ги носат бурмите, изјави неименуваниот извор.