Македонија
31. January 2020 - 9:24

Бесплатен јавен градски превоз во Битола поради загаденост на воздухот

Oпштина Битола информира дека денеска јавниот градски превоз е бесплатен, а информативни табли се поставени на сите оластени автибуски превозници во градот.

Одлуката за субвенционирање на бесплатен јавен градски превоз на патници се применува во денови со високи нивоа на концентрации на суспендирани честички РМ10 во амбиентниот воздух над 100 μg/m3, а со оглед дека денес е регистрирана висока загаденост на амбиенталниот воздух, одлуката е во сила, посочуваат од секторот за односи со јавност на Општина Битола.