Бесплатните тестови за Ковид-19 за домашна употреба се дистрибуираат во аптеките во Грција
Бесплатните тестови за Ковид-19 за домашна употреба (т.н. селф тестови), се очекува од утре да бидат достапни во аптеките во поголемите грчки градови и од петок во целата земја, а во првата фаза ќе бидат наменети само за средношколците на возраст од 16 до 18 години и за нивните професори, јави дописничката на МИА од Атина.
Процесот на дистрибуција е во тек во 11.000 аптеки, според грчката новинска агенција АНА-МПА, секоја аптека ќе добие по 75 тестови, а попладнево се очекува да биде отворена специјалната платформа.
Дел од фармацевтите, говорејќи за грчките медиуми велат дека им стигнале пакувања од 25 тестови, а не по еден, што за нив значи дека ќе треба да ги отворат и да ги распределат во исто толку индивидуални пакувања.
„Селф тестовите“ , според грчката Влада се дополнителна алатка во борбата со Ковид-19 , но и дополнителна алатка во процесот на олабавување на рестрикциите, со оглед на тоа дека ќе бидат задолжителни за отворањето на училиштата, во првата фаза на повисоките класови од средните училишта.
Учениците и просветните работници, задолжително ќе треба секоја седмица да се тестираат со домашните тестови, 24 до 48 часа пред почетокот на наставата.
При негативен резултат ќе добиваат потврда што треба да ја носат на училиште, а без потврда, нема да можат да ја следат наставата.
На специјалната интернет платформа ќе се пријавуваат позитивните случаи, но и негативните, доколку станува збор за категорија граѓани за кои домашното тестирање ќе биде задолжително и ќе биде потребно да имаат соодветна потврда.
За секој граѓанин предвиден е по еден бесплатен тест седмично, во следните два месеци.
Портпаролката на грчката Влада Аристотели Пелони на брифингот во понеделникот рече дека иако „селф тестовите“ даваат можност за лична заштита, сепак, важно е да нема недоразбирање и при негативен резултат да нема опуштања кај граѓаните.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово