Loading Video...
Тенис
30. August 2019 - 17:20

Без изненадувања на УС Опен

На УС Опен ноќеска беше комплетирана втората рунда, а веќе вечерва ќе се играат мечеви од 3.коло 
 
Шпанецот, Рафаел Надал пласман во 3.коло обезбеди без борба, бидејќи неговиот противник Австралиецот, Кокинакис поради повреда го предаде мечот. 
 
Од носителите пласман во следната рунда обезбеди 13-тиот Момнфис, Чилиќ, Вердаско и контроверзниот Киргиос.
 
Денеска во 3.коло играат, третиот носител Роџер Федерер кој за противник ќе го има Еванс од В.Британија, односно 7-носител Кеи Нишикори кој ќе се сретне со Де Минаур од Австралија.
 
 
Каролина Возњацки е последната кај дамите кои обезбеди пласман во третото коло со победата од 2-1 над Американката, Колис.
 
Од фаворитките денеска своите дуели во 3.коло ќе ги играат втората Ешли Бартли која за противничка ја има Марија Сакари, како и третата Каролина Плишкова која е апсолутна фаворитка во дуелсо против Онс Јабуер од Тунис.