Loading Video...
Тенис
21. January 2020 - 15:36

Без проблеми за фаворитите: Надал, Медведев, Зверев во следната рудна на АО

Без поголеми изненадувања минаа денешните натпревари во Мелбурн, барем кога во прашање се мажите. 
 
Светскиот рекет број 1, Рафаел Надал му препушти само пет гема на Уго Делиен од Боливија (6-2, 6-3, 6-0), додека 4-тиот носител Русинот, Данил Медведев со еден загубен сет (3:1) го доби мечот против американецот Францис Тифо
 
Германецот, Александер Зверев кој е 7-ми носител со максимални 3:0 го победи Италијанецот, Цечинато, како и (11) Гофин беше подобар од Французинот, Шард. 
 
Место во 2.коло од носителите обезбедија и (10) Гаел Момфис, (19) Џон Иснер и (23) Ник Киргиос.