Македонија
26. September 2015 - 14:42

Без струја дел од Визбегово

Без струја утре од 10 до 14 часот ќе останат корисниците од село Визбегово, Качанички Пат, место викано Герис во Општина Бутел.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со електрична енергија е поради технички зафат во системот.