Македонија
10. August 2018 - 16:19

Безбедносната состојба е мирна и стабилна

Ситуацијата во Македонија е мирна и нема закани од тероризам , уверуваат безбедбносните служби по апсењето  на седуммината македонски државјани, борци на  Исламската  држава , кои биле заробен и на сирисјкиот фронт и во соработка со Глобалната антитерористичка коалиција предадени на нашите власти.

Уапсените седуммина терористи ќе одговараат за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, а едниот од нив и за терористичка организација.  Според неофицијаните информации повеќето од нив  се од скопскиот регион, но ги има и од Прилепско, Тетовско, Гостиварско.

Сите биле ученици на оџата Реџеп Мемиши од џамијата Тутунсуз во Скопје. Полициски извори тврдат дека уапсените дури биле и среќни што со лисици на рацете се вратени во матичната земја, со оглед на тоа што повеќето приведени во Сирија и Ирак биле ликвидирани.

Се очекува во следниот период да бидат приведени и останатите терористи си македонско  питекло  кои се бореле на боиштата во Сирија и Ирак. Се претпоставува дека станува збор за бројка меѓу 15 и 20 лица..

Безбедносните служби тврдат дека нивното враќање во матичната земја  е најбезбедниот чекор за земјата бидејќи станува збор за контролиран процес. Во спротивно, одбивањето  значи да се нема контрола врз овие луѓе кои можат да избегаат или да бидат пуштени од заробеништво, а потоа некој може и да се врати дома.

Вкупниот број лица од нашата земја кои се појавиле на боиштата во Сирија како активни борци, повратници, загинати, жени или само како обиди за заминување, изнесува 156. Повратници се 83, а од нив на слобода се 57 лица. Во затвор во Турција има три лица, а во македонските затвори 23 по кои имаше потерници во акциите „Ќелија 1“, „Ќелија 2“ и од пред два дена седуммината депортирани.

Според безбеднсони извори, од 2014 година, кога беше донесен Кривичниот закон за учество во странски војски и тероризам., континуирано се намалува бројот на   македонски државјани, кои заминуваат на сиријскиот фронт .

На боиштата за Исламската држава досега во изминатите неколку години загинале 35 македонски државјани, а се уште активни 15 лица.