Свет
15. November 2016 - 10:26

Би-Би-Си: Протече документ, британската Влада нема план за Брегзит

Британската Влада нема сеопфатен план за излегување на земјата од Европската унија, а поради поделбите, кои постојат во Кабинетот, преговарачката стратегија можеби нема да биде усвоена во следните шест месеци, покажува меморандумот, кој протече од Кабинетот, јави Би-Би-Си. 

Во меморандумот, којн е доставен до „Тајмс“ и во кој Би-Би-Си имаше увид се предупредува дека британската Влада работи на 500 проекти поврзани со Брегзит и оти можеби би и биле потребни 30 илјади дополнителни членови на персоналот.

- Се уште меѓутоа нема заедничка стратегија за излегување од Унијата поради поделбите во Кабинетот, се наведува во истечениот документ. 

Портпаролот на британската Влада изјави дека тоа не е владин извештај и оти не ја признава содржината на тој документ, нагласувајќи дека Владата е фокусирана на активностите за реализазција на Брегзит.

Во истечениот меморандум, кој го составиил анонимен советник и кој датира од 7 ноември, се најавува дека ќе бидат потребни уште шест месеци за Владата да одлучи што точно сака да постигне со Брегзит или да се усогласи кога станува збор за приоритетите.