Свет
4. October 2022 - 11:46

Би-Би-Си: Украинските сили ослободија дополнителна територија

Украинските војници вратија дополнителна територија во областите кои Русија нелегално ги припои, а силите на Киев напредуваат во близина на јужниот град Херсон и ги консолидираат вратените територии на исток, јавува денеска Би-би-си.

Проруските власти во Херсон го потврдија напредувањето на украинските сили, но велат дека руските сили се утврдуваат. На исток, украинските сили напредуваа во областа Луганск, која е под контрола на Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање рече дека има нови ослободени населби во неколку области.

Зеленски истакна дека „жестоките борби продолжиле во неколку области“, но не наведе детали. Напредокот во украинската контраофанзива се чува во тајност, а новинарите главно се држат подалеку од првите редови.