Македонија
15. July 2015 - 8:44

Библиотека на плажа во Дојран

Посетителите на Градската плажа во Дојран од денеска ќе можат да читаат книги бесплатно.

Првата библиотека на плажа во Дојран, според најавите од општината, ќе понуди голем број книжевни наслови.

Со проектот ,,Библиотека на плажа”, Општина Дојран вложува во културата и влијае врз зголемувањето на процентот на читатели кај нас, изјави градоначалникот на Дојран Борче Стамов.