БиХ чекор поблизу до формирање нова влада
Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина донесе одлука за измени на законот, со што ќе се овозможи формирање на нова Влада на земјата по општите избори оддржани на почетокот од октомври.
Изборот на новата централна Влада на БиХ беше блокиран откако Парламентарното собрание не успеа да ги усвои потребните законски измени.
Без овие измени, кои се однесуваат на изборот на делегати во Горниот дом на Собранието на Федерацијата Босна и Херцеговина, законодавниот дом на овој босански ентитиет не можеше да се конституира и да ги делегира претставниците во Горниот дом на Парламентарното собрание, кој учествува во изборот на нова влада.
Претседателот на Комисијата, Бранко Петриќ изјави дека со одлуката за измени на законот, се создадени сите услови за избор на делегатите и потоа за формирање на централната Влада на земјата.
Одлуката на Комисијата во заедничка декларација ја поздравија амбасадата на САД во Сараево и делегацијата на ЕУ во БиХ.
Меѓутоа, најголемата партија на Бошњаците, Партијата за демократска акција (СДА) оцени дека одлуката на Изборната комисија е политичка и најави дека ќе ја обжали пред Уставниот суд на државата.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка