Бил Гејтс со семејството на одмор во Црна Гора
Американскиот милијардер и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, помина дел од летниот годишен одмор во Тиват. Гејтс, со сопругата Мелинда и нивните три деца, пристигнал во Црна Гора со нивната јахта „Лејди Ес“ на 28 јули, а ја напуштиле земјата во четвртокот.
Тие престојувале во хотелот „Регент“ во ексклузивниот наутичко-туристички центар Порто Монтрнегро, потврдиле за „Вијести“ неколку гости.
Според весникот „Побједа“, Бил Гејтс во средата посетил неколку привлечни локалитети на северот на земјата. Со оглед на тоа што тој и семејството биле опкружени со многу телохранители било невозможно да се пристапи до нив или да се фотографираат.
Гејтс, според „Форбс“, има богатство вредно 100 милијарди долари, што го прави втор најбогат човек на планетата, по основачот на „Амазон“, Џеф Безос, кој „тежи“ 153 милијарди долари.
Ново на Сител
-
Руски функционер тврди дека Бахмут е оперативно опколен
-
Керемедчиев: Очекувам судири на чествувањето на Гоце Делчев
-
Ги запознаваме ретките болести 2023 - 28 дена во февруари со 28 ретки дијагнози
-
Мицкоски: Коалицијата власта со АА ја поистоветувам со естрада, нема капацитет за реформи
-
В сабота ќе биде одбележана 151 година од раѓањето на Гоце Делчев
-
Алтернатива вечерва ќе одлучува за идните чекори при евентуален влез на Алијансата за Албанците во Владата
-
МВР: Сите сопственици на возила со регистерски таблички „MK“ задолжително да ги променат во „ NMK“
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Да му помогнеме на Димче да продолжи со роботската рехабилитација