Биркс: Во САД има ризик за втор бран на епидемијата
Влијателен универзитет во Вашингтон ги корегираше и намали своите предвидувања за смртноста од коронавирусот, но координаторката на кризниот штав на Белата куќа, Дебра Биркс, предупредува на можен втор бран на епидемијата доколку Американците не се приддржуваат на мерките за физичко дистанцирање, пренесуваат британските медиуми.
Експертите сметаат дека епидемијата во одредени средини на САД го достигна својот врв, но состојбата во Њујорк само статистички се смирува, бидејќи се уште расте бројот на заболени и умрени во другите американски држави.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, денеска изјави дека бројот на хоспитализирани во најголемиот американски град “е стабилизиран“ и дека проектираниот број на респиратори е поголем од вистинските потреби.
-Доколку сега луѓето се опуштат, посакаат да излезат надвор и да воспоствуваат социјална интеракција, може да ни сеслучи втор бран од епидемијата, предупреди коороднаторката Дебра Биркс.
Пандемијата го суспендира нормалниот живот во САД, бидејќи 94 отсто од Американците мораат да останат во своите домови а само изминатите две недели 10 милиони лица останаа без работа.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност