Бискупот Стојанов упати сочувство за настраданите во Кочани

Во недела 16 март 2025 година, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски бискуп монсињор д-р Киро Стојанов, со длабока тага ја прими веста за страшната трагедија во Кочани, во која згаснаа голем број млади животи, а стотици се повредени. По тој повод во негово лично име и во име на Католичката црква во Македонија, изразува сочувство до семејствата на загинатите, жалејќи за изгубените млади животи.
Епископот Стојанов ги ветува своите лични молитви и молитвата на Црквата, препорачувајќи ги загинатите на Божјото милосрдие.
Повредените, семејствата и сите оние кои се борат за нивните животи тој ги препорачува на застапништвото на Пресвета Богородица, да им дарува побрзо оздравување, сила, утеха.
Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов одлучи во недела 16 март 2025 година во 19.00 часот во црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица да служи Панахида за покојните, наместо трибината за Јубилејната година, која беше планирана за тој термин.
Во деновите на жалост, започнувајќи од денес во сите цркви на Католичката црква во Македонија ќе се моли за покојните и за здравје на повредените.
Ново на Сител
-

Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
-

Поставени нови 72 знаци и патокази во Национален парк „Пелистер“
-

Кампања за заштита од пожари на Плоштад Македонија
-

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка
-

Евроамбасадорот Рокас во посета на Собранието
-

Сончево и топло
-

Десет милијарди евра во инфраструктурни капитални проекти во наредните 10 години: Владата најавува сериозен развоен потенцијал
-

Миленкоски задоволен од стартот на македонските одбојкари во Европската лига
