Бизнис
29. January 2020 - 10:48

Бислимовски: Нема да може да се градат објекти ако тие немаат барање за приклучок на парно

Првиот човек на РКЕ Бислимовски  вели дека новиот закон за градба е во подготовка и ќе инсистира со него сите инвеститори кој ќе сакаат да градат да бидат обврзани објектите да ги приклучат на парно греење. Вели дека земјава е увозно зависна и 20 до 30 проценти од струјата ја увезува од надвор  и затоа треба паметно да се  користи и наместо електрична енергија новите објекти за греење да користат парно .

Посочи дека и оваа грејна сезона парното останува кај БЕГ, а во следниот период ќе се разгледува барањето на Град Скопје за преземање на топловодната  мрежа.

Од МЕПСО  тврдат дека мрежата е стабилна и со мерката со која се субвенционираат инвертери нема да има преоптоварување на мрежата  и проблеми во снабдувањето со струја. 

 

Ирена Чачкова