Македонија
17. November 2021 - 12:22

Битола го достигна пикот на ковид минатата недела

Дали Битола го постигна пикот минатата недела кога дневно имаше од 60 до 80 случаи дневно и до 120 тестирања? Од Центарот за јавно здравје Битола сметаат дека е така и очекуваат стабилизирање на состојбата.

„Минатата недела мислам дека го поминавме врвот на бранот во Битола кога имавме по 60 и 80 позитивни случаи на Ковид 19 во еден ден. Тоа од една страна се должеше на зголемениот број на тестирања, каде што во две лаборатории се вршеше тестирање, така што можноста да се тестираат погоем број на луѓе тоа донесе да имаме поголем број на позитивни случаи, меѓутоа мислам овие денови тие бројки паѓаат на 30 до 40 позитивни случаи на ковид 19 и дека во текот на оваа недела ќе имаме стабилизирање на состојбата,“ изјави д-р Елизабета Крстева, директор на Центар за јавно здравје - Битола.

Д-р Крстева вели дека со заладувањето на времето луѓето се затворија дома и почнаа да растат бројките. Шт се однесува за училиштата пак, таа вели дека за среќа, особено кај помалите, основците немаше проблем со нив затоа што брзо се реагираше. Проблемот е во средношколците.

„Тие и кога се он лајн повеќе се дружат надвор, претпоставувам и во затворен простор, не носат маски, тоа е основното, непочитување на препораките и невакцинирањето. Кога тоа на некој начин ќе го прифатиме, ќе се вакцинираат онолкав процент на луѓе колку што е потребно барем 70 до 80% од луѓето и секако ќе се стави крај на короната“, вели д-р Крстева.

Во Битола вчера беа регистрирани 44 нови случаи, а моментално има 630 активни случаи.