Македонија
13. May 2020 - 15:36

Битолчанец пријавил дека неговата малолетна ќерка била физички нападната

На 11.05.2020 во 21.30 часот во Полициската станица Битола, Ф.С.(38) од Битола пријавил дека околу 17.20 часот во дворот од неговата куќа неговата малолетна ќерка била физички нападната од Е.С.(25) од Битола.

По целосно документирање на случајот, против Е.С. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.