Македонија
23. October 2016 - 12:56

Битолчанка пронајдена мртва во својот дом

Синоќа во 20,10 часот во полициската станица-Битола од лекар од итната медицинска помош-Битола било пријавено дека во Битола на ул.„Васко Карангелевски“, во ходникот пред станот каде живеела, пронајдена е почината Н.А. (1953).

Истата имала повреди во пределот на главата. 

Увид на лице место извршила екипа од СВР Битола, а за настанот е известен јавен обвинител, кој наредил обдукција над телото на починатата.