Живот
9. March 2019 - 21:11

Бизарна сцена на преполната железничка станица во Лондон: Погледнете што му направи жена на овој маж

Бизарна сцена е снимена на лондонската железничка станица „Ватерлу стејшн“, каде една жена на ланец водела маж.

Неидентификуваниот маж, облечен во црно одел на колена и на раце како куче и носел натпис „на условна за госпоѓица Фокс“.

Двојката не можела да ги одбегне очите на шокираните минувачи, и брзо и дошла и полиција.

Снимката од мажот и жената веднаш се прошири на интернет со прашањето „чиј татко е ова?“

Се гледа дека жената, која го држи ланецот кој е прицврстен за вратот на мажот носи кратко, црно здолниште и високи потпетици кои и доаѓаа полицајците.

Таа на службениците само им рекла дека станува збор за нејзин фетиш и дека не прават ништо посебно.

Мис Фокс е позната во Лондон како домино дама.

„Сакам јавни понижувања. Персоналот од железничката станица и полицијата ме фасцинираа, ме испратија од станицата како да сум Канје“, напиша таа на Твитер.