Бизарно но вистинито
30. March 2016 - 17:58

Бизарна традиција: Тука не ги закопуваат мртвите, туку живеат со нив!

За луѓето во Торајa на индонезискиот остров Сулавеси, починатите продолжуваат да живеат со своето семејство и по смртта.
 
Неколку недели, месеци, па дури и години по смртта, припадниците на овој народ ги чуваат мртвите тела како дел од семејството. За тоа време им испраќаат молитви и им даваат храна.
 
Кога ќе ги стават во гробница, по некое време семејството им прави втор погреб и го вадат телото, го бањаат и му облекуваат чиста облека и повторно го закопуваат.
Интересно е што овој необичен третман е придружен со читање од Библијата, бидејќи овој народ бил во близок контакт со христијанството, па усвоиле некои негови елементи, додека останатиот дел од Индонезија е претежно муслимански.
 
Не е познато колку е стара оваа традиција, бидејќи многу обичаи се пренесуваат со зборување и никаде не се запишани. Но, археолозите со користење на карбонска метода утврдиле дека некои тела од овој народ се стари и по илјада години.