Бизнис
8. November 2019 - 16:44

Бизнисмените се сомневаат во раст од 3.5%

Владата да не брза со вештачки, наметнати  реформи ловејќи гласови во предизборието. При носењето одлуки да се вклучи и бизнисот, затоа што се што е избрзано решение е осудено на пропаст, велат од Коморите. Предвремените избори ќе ги стагнираат инвестициите кои компаниите ги планираа во првото полугодие. Сега, во ек на полтички кампањи, бизнисот е резервиран и воздржан од вложувања. Не очекуваат раст на економијата  од 3,5 отсто како што  прогнозира Народната банка до крајот на годината  и не гледаат од каде тој оптимизам на кој се темели растот

Сите проекти, а особено оние кои беа подолгорочни веќе се во фаза на застој особено имајќи ги во предвид новите политики и најави дека извесни законски решенија ќе се менуваат особено во делот на промената на прогресивниот данок. Верувам дека компаниите, особено ние кои бевме конзистентни од самиот почеток дека не треба да се избрзува со вакви значајни реформи кои беа најавени како мини-даночна реформа, но импликациите кои ги имаа врз бизнис секторот беа навистина големи“, рече Данела Арсовска, претседателка на ССК.

Покрај политичка стабилност, бизнисот бара и олеснување на трговските бариери

Се надеваме дека ќе бидат разрешени и нашите барања за олеснување на бариерите со кои се соочуваме во секојдневниот живот и дека ќе нема дополнителни проблеми со соседните држави во транспортот, давачките и царинските бариери за бизнисите, изјави Неби Хоџа, претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија

Вицепремиерот Анѓушев се согласува дека соработката со бизнисот е  важна за економијата ,  и за заедничко  креирање долгорочни мерки кои ќе бидат одржливи и стабилни.

Инаку 100 те најголеми компаниите од севрозападна македонија и во услови на криза инвестирале 42 милиони евра, двојно повеќе отколку претходната година. Само тие вработуваат над 8700 лица. Велат дека трендот  на вложувања ќе продолжи, ако има економскиот амбиент  и интегрирањето во Европската Унија. Фокус ќе им биде  освојување на  нови пазари, како и коректор на владините политики, нудејќи конкретни решенија.