Бизнис
10. September 2020 - 16:34

Бизнисот бара помош од државата за да ја преживее кризата

Бизнисмените бараат итни мерки во спротивно многумина од нив ќе го затворат бизнисот. Велат ситуацијата се влошува, а фирмите се оставени без никаква финансиска поддршка повеќе од два месеци. Бараат итно носење на протоколи  за работа во сите дејности, а предност да му се даде на туристичко - угостителскиот сектор кој всушност е и најпогоден од кризата со вирусот.

Министерот за економија Бектеши вели дека четвртиот по ред пакет економски мерки е во подготовка, но најави даночни олеснувања и субвенции.

Дел од угостителските објекти очекуваат дека ќе стават клуч на врата во следниот период со оглед на тоа што во зимски услови тие  отежнато ќе функционираат. Тоа допрва ќе се решава со Комисијата за заразни болести. За справување со последиците од кризата со вирусот државата досега се задолжи за 1,3 милијарди евра. Ударот кој му беше нанесен на стопанството резултираше со пад на БДП во вториот квартал од 12,7 проценти.