Македонија
8. February 2023 - 16:34

Благојче Илијевски ја загуби битката со цистична финроза, почина чекајки го лекот од државата

- Мора да се издржи, со сила ама...сепак се е во нивни раце колку побрзо го донесат лекот за нас толку подобро за сите нас...

Но не издржа..Ова беше последниот апел на Благојче Илиевски во интервју за Сител пред три недели кога беше хоспитализиран на Пулмологија. 45 годишниот битолчанец  утрово ја изгуби битката со цистична фиброза и не го дочека лекот за кој молеа со години.

Беше меѓу осумте пациенти на кои итно им треба трикафта и од 2020 досега со неговите соборци  одеше по институциите и бараа помош. Неговата смрт ги шокираше членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза кои велат дека со позитивноста на Благојче ја крепеле надежта дека ќе добијат трикафта.

-Трагична работа е ова..остави зад себе жена и дете а можеше се да биде поразлично ако го донесевме лекот уште кога го баравме, и пред две недели да стигнеше ќе беше поинаку, вели Фики Гаспар од Асоцијација за цистична фиброза.

Во земјата со цистична фиброза има околу 130 пациенти и тие речиси сите се познаваат едни со други. Протестираа во декември пред Министерството за здравство...на 4ти февруари пред Владата...трикафта не добија туку само најави и ветувања  -а тоа како што велат веќе ги чини млад човечки живот.

нашиот револт, огорченост и потресеност се исклучително големи, особено затоа што како АЦФ лекот го бараме од 2020 г. и апелиравме постојано за итноста од воведување современа модулаторна терапија, реагираат од Асоцијацијата.

-Тек кога ќе спласне шокот а за тоа ќе ни треба ден два ќе сватиме дека изгубивме човек што не моравме да го изгубиме и ќе го имавме покрај нас, вели Гаспар

И во декември и пред четири дена пациентите со цистична фиброза им порачаа на надлежните дека време за чекање немаат. Но дали некој го слушна нивниот крик...

Минатата недела министрите за финасии и здравство кажаа дека со законски измени ќе направеле да има лек и ќе го решеле проблемот на болните. Но седум дена подоцна нема ниту трага ниту глас од измени на закони ниту пак кој како и по која цена ќе преговара со производителот.

Терапијата била скапа, не било предвидено во буџетите за оваа година и ред други објаснувања..А колку вреди човечкиот живот???