„Блиц“: Ова е терористот што на 7 октомври влегол од Македонија во Србија, па заминал во Париз да сее смрт
Српски „Блиц“ објави и слика од пасошот на еден од осумте терористи што загинаа по крвавиот масакр во Париз, во кој беа убиени повеќе од 129 невини луѓе.
Претходно француската полиција рече дека нашла сириски пасош „близу телото на еден од напаѓачите“ за време на истрагата, а потоа грчкиот заменик-министер за внатрешни работи, Никос Тоскас, за Ројтерс потврди дека носителот на пасошот веројатно во октомври влегол во Европа преку Грција.
Француската полиција денеска побарала од сите земји низ кои минуваат бегалци да проверат дали наведениот пасош е регистриран кај нив, а Блиц открива дека сирискиот пасош е на име Ахмед Алмухамед и дека тој бил регистриран во Србија.
Како што јавија грчките власти, Алмухамед влегол на територијата на Грција на 3 октомври. Блиц дознава дека на територијата на Србија тој влегол на 7 октомври во Миратовце, од Македонија, ја поминал проверката, па точно се знае дека на краткото патување низ Србија не бил вооружен, вели весникот.
Бил регистриран во центарот во Прешево, каде што формално побарал азил. Тој го продолжил своето патување и, дознава Блиц, брзо ја напуштил Србија, па отишол во Хрватска и понатаму до Австрија.
Грчката полиција претходно рече дека сопственикот на пасошот бил млад човек, кој стигнал на островот Лерос заедно со група од уште 69 бегалци, и дека таму му биле земени отпечатоци од прстите. Грчката полиција одби да го каже неговото име. Медиумите соопштија дека тој е роден во 1980 година и дека претходно не ѝ бил познат на француската полиција.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.